| четврток, 6 декември 2018 |

Еден снег и директорот на „Македонија пат“ се загуби – какви вредности брани ДУИ со ваквиот кадар?!

gajur kadriu1-Патиштата се крвоток на државата. Ние се грижиме тој крвоток да функционира и во зимски период, во услови на снег, дожд и магла, како и во летен период, кога температурите на отворено се преку 50 степени. Секојдневно со нашиот труд го градиме имиџот на компанијата, како сигурен партнер кој ви овозможува безбедно да стигнете до саканата дестинација. Со мое големо залагање, ова ќе биде година на Македонија пат – вака првиот човек на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, им се обраќа на граѓаните на  интернет страницата на претпријатието.

Да, точно е дека патиштата се крвоток на државата, но дека „Македонија пат“ се грижи за тој крвоток во зимскиот период, не би можеле да се согласиме. Човекот поставен од ДИУ се изгуби во снегот.Падна снег, исчезна Кадриу. Се загуби во функцијата и надлежностите што истата ги носи. Завеани луѓе, снег на улиците, непроодни патишта…

-Тргнав за Србија во понеделникот. Од Скопје до граница патував двојно повеќе време од вообичаеното. Да се работи за планински превои да разберам. Но да се вози по неисчистен автопат е срамота- вели скопјанец, кој додава дека од граница, па се до Белград патиштата биле чисти и покрај снегот кој паднал во соседна Србија.

izvorsneg3

Кадриу негира- наводно биле исчистени сите патишта кои се под нивна надлежност, односно 4.500 километри. Сликата во државата покажува нешто сосема поинаку – делумно исчистени автопатишта и магистрални патишта, регионални патишта воопшто неисчистени или минимално исчистени. Сообраќајот во застој, луѓе заглавени на патиштата, остатоци од кашест снег по нивната наводна интервенција. Некако како да не можат да сфатат дека фрлениот сол и песок не е единствената работа што тие треба да ја преземат во вакви ситуации. Со тоа речиси ништо не е направено.

Беше посочено дека „Македонија пат“ не си ја врши работата. Тој вети дека ќе се ангажираат повеќе… Се закани во случај на било каков пропуст вработените ќе бидат санкционирани. А да тргнеше од самиот себе?! Да се казни себе, па после останатите. Се чини Кадриу не е соодветно решение за позицијата која ја има. Прашање е зошто ДУИ го држи и покрај неговата крајна неодговорност и неснаодливост во надлежностите и обврските кои ги има. Какви вредности брани ДУИ со задржувањето на Кадриу на висока позиција. Се покажа дека тој воопшто не е соодветен за она што му е дадено како функција. Човекот е од оној тие – клати врата, земи плата. Еден снег и тој остана загубен во функцијата.

А можеби ДУИ требаше да преземе некакви мерки уште кога си дозволи физичка пресметка на свеченоста по повод 45 години од основањето на Друштвото за патишта. Тој се степа со неговиот претходник, Вулнет Палоши во холот на градежниот факултет поради нетрпеливост и различна партиска определба. Етика нема, одговорност нема, професионалност нема. Која е вредноста на ваквиот кадар на ДУИ и кои вредности ги брани ДУИ со чувањето на ваквите кадри на високи позиции?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top