| четврток, 6 декември 2018 |

Благороднички титули за актерите: Кристин Скот Томас, Џоан Колинс, Џон Харт

Актерките Кристин Скот Томас и Џоан Колинс, и британскиот актер Џон Харт годинава се меѓу 1.164 личности на коишто британската кралица Елизабета Втора им додели благороднички титули во традиционалното новогодишно прогласување.

Почесната титула „dame“ ја доби и 80-годишната модна креаторка Мери Квант, која во мода го воведе револуционерното мини здолниште и „жешките“ куси панталони, како и актерката Емили Вотсон, најпозната по улогата во филмот на Ларс фон Трир „Кршејќи ги брановите“.

„Всушност, помислив дека некој се шегува. Но вистина е и се одушевив, изненадена сум и се плашам дека во еден момент ќе се разбудам“, изјави за весникотTimes Кристен Скот Томас, која меѓу другите ја прославија и улогите во филмските хитови „Англиски пациент“ и „Четири венчавки и погреб“.

Сега 81-годишната Џоан Колинс, поранешната холивудска вамп убавица, титулата ја доби за добротворното ангажирање, а на новинарите им изјави дека големата чест што ѝ е укажана повикува на „скромност“, како и дека чувствува искрена благодарност кон кралицата и татковината.

Титулата витез во Обединетото кралство се доделува на посебни личности како признание за службата или за животно дело. Мажите кои го примаат витештвото (knighthood), се ословуваа со „сир“, а за жените „дама“ или „лејди“ за сопругата на витез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top