| четврток, 6 декември 2018 |

Агентот на Верати: Тој е роден победник, но со ПСЖ не може да си ги оствари соништата

marko verati

Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати во летниот преоден рок може да го напушти Пари Сен Жермен, момент кој го најави агентот на играчот, Донато Ди Кампли.

Верати е мета на интерес на голем број на клубови како Јувентус, Барселона, Интер, Челси, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, со тоа што досега „светците“ ги одбиваа сите напади, меѓутоа се чини дека играчот од средината на теренот е достапен, ама на крајот тој мора да ја донесе конечната одлука.

-Марко сака да победува, а со ПСЖ тоа не може да го направи. Веќе е пет години во Париз и мора да донесе одлука, дали сака да заработува големи пари без ништо да освои или да подигнува титули и да биде шампион? Ситуацијата е комплицирана зошто долг е договорот, нема проблем со парите. Една работа е сигурна, ако го напушти ПСЖ ќе се пресели во топ европски клуб – посочи Ди Камли за „Газета Дело Спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top