| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколен старт на сезоната за европскиот првак, во една недела ќе се бори за два трофеја

Еден од гостите во Скопје за време на европскиот Суперкуп, Реал Мадрид ќе има тежок распоред на претсезонските натпревари. Европскиот и шпански првак ќе одигра четири пријателски средби во девет дена, па потоа ќе се упати кон главниот град на Македонија.

Фудбалерите на Зинедин Зидан ќе отпатуваат на турнејата во САД без својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо, кој би требало да им се приклучи на 1 август. Португалецот имаше напорна сезона, коjа на крај заврши со негов настап на Купот на Конфедерации со Португалија. Поради краткиот период за подготовка, неговиот настап во Скопје е сè уште под знак прашалник.

Претсезона на Реал Мадрид:

23/7/2017: против Манчестер Јунајтед

26/7/2017: против Манчестер Сити

29/7/2017: против Барселона

2/8/2017: против ѕвездите на МЛС

8/8/2017: против Манчестер Јунајтед (европски Суперкуп)

11 или 12/8/2017: против Барселона (шпански Суперкуп)

14 или 15/8/2017: против Барселона (шпански Суперкуп)

Проблемот за „кралевите“ ќе бидат и датумите за шпанскиот Суперкуп против Барселона, кои шпанската фудбалска федерација ги одреди само три дена по гостувањето во Скопје.

Така, Реал во период од една недела ќе игра за првите два трофеи во новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top