Марко Верати изминативе месеци е трансфер цел на неколку европски гиганти.Фудбалерот на Пари Сен Жермен кој се проценува на некаде околу 80 милиони евра, нема намера да ја напушти Франција. Напротив има големи планови со „светците” од Париз.
– Сакам да останам и да бидам дел од овој проект кој е меѓу ретките во Европа. Мојот сон е да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ. Моментално се чувствувам одлично и без проблем можам да одиграм три натпревари во неделата а да не почуствувам никакви проблеми. Во модерниот фудбал најважно е да бидете физички подготвени и да немате проблем со повредите – изјави Верати.
Според одредени информации, Реал Мадрид, Барселона, Интер, Јувентус и Баерн Михнен се меѓу заинтересираните колективи за ангажирање на играчот од средниот ред.
За потсетување, репрезентативецот на Италија во 2012 пристигна во редовите на ПСЖ за сума од 14 милиони евра и неодамна го продолжи договорот до 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Пронајдено возило со експлозив близу Париз