Снегот во многу делови на Грција го парализира движењето. На патиштата има километарски колони, како и голем број сообраќајни несреќи.
Полицијата забрани автомобилите да тргнуваат на пат без синџири во некои делови во областите на Атика и на Пелопонез. Голем број патишта во Северен Пелопонез се затворени за движење, а десетици возачи ја поминаа ноќта во автомобилите.
Отежнато е и движењето на автопатот во Атика.
Во Централна и Северна Грција температурата на воздухот се спушти до минус 11 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.