| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто се враќаат килограмите по држењето диета?

диета
 Веројатно и вам ви се случило истото – сте се мачеле со денови, недели, месеци и сте дошле до посакуваната тежина, но веќе за неколку месеци сè се вратило по старо…

Губењето килограми е толку трауматичен процес, што одвај чекаме да се заврши и да ја постигнеме целта, но истражувањето кое го спровел доктор Фил, покажало дека тоа и не е баш премногу чест случај – само малку повеќе од 40% од луѓето навистина успеваат во тоа.

За работите да бидат уште полоши, речиси сите тие ги враќаат загубените килограми во рок од три месеци до една година, па миленикот на Опра Винфри се потрудил да дознае кои се главните причини за враќање на килограмите.

На првото место е досадата затоа што на луѓето навистина им здодева да ја јадат истата храна секој ден, што многу брзо го предизвикува враќањето на лошите навики и брзата храна. Секако, би требало да пронајдете поздрава алтернатива, но ретко кој успева во тоа.

Искушението исто така е присутно – ретко кој има среќа да живее во околина која во целост ќе ги поддржува неговите/нејзините напори, па така пред луѓето се редат видови на храна кои ги привлекуваат и тие попуштаат – за почеток како „награда за успешното симнување на килограмите“, а многу брзо после тоа се препуштаат во целост на тие „слатки гревови“, затоа што едноставно ја обожуваат таа храна.

На крајот, недоследните резултати имаат силно влијание врз волјата на личноста која е на диета – ако килограмите не се губат рамномерно, туку по почетниот успех едноставно не продолжуваат да се симнуваат, повеќето луѓе се откажуваат од диетата и им се враќаат на старите навики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top