Издавачката куќа „Феникс“ следејќи ги трендовите, ја отвори својата прва кафе-книжарница. Таму отсега ќе се реализираат средби со автори, промоции…итн. Во пријатен амбиент, опкружени со книги, писателите дојдоа на отворањето на ова пријатно катче и уште едно ново место за дружење во градот.
– Отворањето на кафе-книжарницата „Феникс“ во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје значи уште еден простор и уште една нова можност за другарување со книгите, но и новосоздадените ликовни дела.
Преку средби со творци, промоции и изложби, трибини, дебати, портрети и разговори во кафе-книжарницата, односно кафе-галеријата „Феникс“ секоја седмица ќе се реализира програма.
Почетокот беше извонреден зашто дојдоа поголем број автори и заинтересирани автори и заинтересирани посетители. Тие се дружеа во пријатна и релаксирана атмосфера, а прозвучеа стиховите и афоризмите во окружување на најнови ликовни дела.
– Ова беше испраќање на старата година, во пресрет на новата, со најава за многу нови настани и случувања уште во првите наредни седмици…Перформанси, хепенинзи, инсталации, читања, актуализирања, работни сеанси и други пригодни свечености – ни рече проф. Христо Петрески, сопственик на издавачката куќа „Феникс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.