
Евакуирани се сите патнци од фериботот „Норман Атлантик“ што вчера беше зафатен од пожар во Јадранско Море, соопшти денеска премиерот на Италија, Матео Ренци, пренесува ДПА.
Според Ренци, на бродот се останати само капетанот и четворица италијански морнари, кои помагаат во спасувачката операција.
Најновите податоци покажуваат дека 414 лица се спасени, а откриени се пет тела. Еден од загинатите е Грк, а идентитетот на останатите четворица не е познат.
Спасувачите со хеликоптер ги евакуираа патниците од горната палуба на фериботот, кој слободно се движеl на отворено море меѓу Албанија и Италија. Спасувачката операција беше отежната поради силните ветрови и врнежи. Во операцијата учествуваа грчки и италијански хеликоптери.
Причините за пожарот сѐ уште не се познати. Според грчката крајбрежна служба, се претпоставува дека пожарот избувнал во гаражниот простор на фериботот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка
-
Лекарите од „Козле“ спасуваат детски животи: Од телата на децата извадени ланчиња, игли, трева
-
Драма под Титов врв: Го чувавме како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!
-
Заврши операцијата за ослободување на источните делови на Алепо


