| четврток, 6 декември 2018 |

Драма под Титов врв: Го чувавме како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!

Речиси нема човек којшто не разбра за немилиот настан со среќен крај, случајот со 17-годишниот Кико којшто падна во огромна бездна на Шар Планина, на температура од -25 степени Целзиусови, и иако целата ситуација изгледала речиси безнадежна, тој е спасен и веќе е во стабилна здравствена состојба.

Животот на Кико го спасија тројца храбри планинари коишто заедно со Кико лежеле во безндата длабока 600 метри, цели 10 часа, на температура од -25 степени Целзиусови.

Голготата започнала кога Кристијан на својата рута до Титов Врв, ноќта во саботата кон неделата, паднал во бездна и удрил во карпа. Најголема среќа е што тој не се откажал во ниту еден момент, а храбрите планинари му помогнале за тој да не премрзне, Кико имал и огромна среќа да мине без скршеници или внатрешно крварење, и покрај фактот што паднал во огромна бездна.

Неговиот спасувач Дамјан Карловски среќно и гордо раскажува за целиот инцидент и во својот фејбук статус, потенцирајќи дека младиот Кико го чувале буквално капка, иако сите четворица биле речиси премрзнати.

screenshot2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top