Дванаесет месечно бебе од Скопје почнало нормално да дише откако од белите дробови му извадиле ланче. Во детската болница во Козле завршило во лоша здравствена состојба и веднаш интервенирал тимот за бронхоскопија. Интервенцијата била успешна, а здравствените работници биле во шок како успеало да вдише накит долг 15 см. Ова е само дел од палетата на предмети извадени од дишните патишта кај деца. Лекарите од оваа установа биле присутни и на драматични ситуации кога секунди биле во прашање за спасување на детски живот, објави „Сител“.
– Има многу случаи, не може некој посебно да се издвои. Имаме шестмесечно бебе кое голтнало трева, детенце кое стигна кај нас со дел од тракторска гума, девојче кое голтнало шпенагла, каменчиња, и многу други туѓи тела кои ги имаме најдено во дишни патишта, вели д-р Јане Бужаров од тимот за бронхоскопија во болницата во Козле.
Долготрајна и сува кашлица или проблеми со дишењето се најчестите симптоми кога лекарите од Козле преку бронхоскопија откриваат туѓо тело во белите дробови. Дали состојбата е алармантна, велат дека зависи од местоположбата на вдишаното камче или зрно грав.
Лекарите со апел до родителите да бидат постојано во близина на нивните деца бидејќи и мало невнимание може да заврши трагично. Во некои развиени земји постои пракса кога има вакви случаи, од болниците повикуваат социјални служби да разговараат со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Без вода жителите на улица „Козле“
-
Во Детска болница Козле немало пожар, туку топење на каблите во еден од тоалетите
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка