Операцијата на сириската војска за „ослободување“ на источните квартови на Алепо, кои беа под контрола на бунтовниците, е завршена, соопшти руското Министерство за одбрана. Сириската владина војска ги уништила последните жаришта на отпор на радикалните милитанти, се наведува во соопштението. Претходно денеска, рускиот Центар за примирје меѓу завојуваните страни ја заврши операцијата на извлекување на бунтовниците и нивните семејства од источниот дел на Алепо.
Според податоците на Центарот, оттаму се евакуирани 9.500 лица, од кои 4.500 бунтовници и 337 повредени, наведе ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка
-
Си-Ен-Ен: Најмалку 20 луѓе загинаа во експлозија во Алепо, на север во Сирија
-
Лекарите од „Козле“ спасуваат детски животи: Од телата на децата извадени ланчиња, игли, трева
-
По четири години прво патување со воз низ Алепо