| четврток, 6 декември 2018 |

Владата доби нов изглед (фото)

Зградата на Владата на Република Македонија доби нов излгед. Реконструкцијата е завршена и веќе ги нема скелињата.

Владата сега има столбови во дорски и јонски стил во бела боја. Монтирани се и канделабрите во дворот на Владата.

nova-fasada-na-vlada-1

Реконстукцијата на надворешниот изглед на фасадата е во склоп на проектот „Скопје 2014“. Победничкото идејно решение го изработија архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.

Во изборот на новиот надворешен изглед на владиниот објект се вклучија и граѓаните преку јавна анкета која беше поставена на владиниот интернет – портал.

nova-fasada-na-vlada-2

фото: Ѓогри Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top