| четврток, 6 декември 2018 |

Застанале да помогнат, ги прегазил џип

Златко Кескоски, сопственик на кендо клубот „Теншин“ од Охрид, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека двајца членови на клубот вчеравечер биле тешкоповредени во сообраќајка.

Станува збор за Горан Шибаковски и за Александар Настоски, кои биле повредени кога на нив налеталo возило кај селото Групчин, кај местото Добарски надвозник, кога застанале да му помогнат на М.К. (54) од Скопје, кој со своето возило „опел“ излетал од патот.

Од СВР Тетово информираат дека во нив удрил триесет и тригодишниот М.Т. од Гостивар, со возило „мерцедес“, кој во својата полициска изјава рекол дека го видел возилото и во обид да го избегне ги удрил двајцата охриѓани кои не ги видел, а кои застанале да му помогнат на скопјанецот, пренесува „Нетпрес“.

– М.К. е пренесен во тетовската болница со лесни телесни повреди, а потоа е пуштен на домашно лекување. Потешко се повредени Горан Шибаковски (31) и Александар Настоски (24), кои веднаш биле пренесени на скопските клиники, но се надвор од животна опасност – вели Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

При направениот увид е утврдено дека причина за несреќата е неприспособната брзина на гостиварецот и утврдена е материјална штета од 60 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top