| четврток, 6 декември 2018 |

Подолски: Арсен, што уште треба да направам?

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Подолски, повторно изјави дека сака да игра повеќе и дека ќе разговара за својата иднина во лондонскиот клуб со тренерот Арсен Венгер.

Германскиот репрезентативец досега неколку пати се жалеше поради својот статус во Арсенал, а медиумите веќе шпекулираат дека во јануари ќе го напушти клубот.

– Немам 20 или 21 година, не сакам да чекам шанса. Имам 29 години и сакам да играм. Што можам повеќе да направам од она што го правам. Играв во стартниот тим во Лигата на шампиони, дадов два гола и потоа повторно завршив на клупата. Не знам што треба повеќе да му покажам на тренерот – изјави Подолски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top