Кризниот штаб кој беше формиран вечерва од Владата, ги повика локалните самоуправи да преземат активности кои се во нивна надлежност. Ова подразбира чистење на патиштата до населените места во нивните општини и дејствување согласно планот за дејство во вакви околности.
Здравствените центри и екипи се во состојба на зголемена готовност, а екипи на МЕПСО вложуваат големи напори да го санираат дефектот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до дефектот според информациите има метар и половина снежни наноси.
Очекувањата се дека околу полноќ ќе биде отстранет дефектот кај Ресен и регионот ќе добие струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.