Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на денот, од почетокот на врнежите на снег интервенираа на градските булевари и улици. Досега е интервенирано на критичните точки на градските сообраќајници – високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, и поголем број на подвозници, како и на сите булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје.
Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта” на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.
До 17:30 часот на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени над 200 тони сол.
Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и во текот на ноќта и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги паркираат нивните возила на булеварите, магистралните улици и тротоарите, бидејќи со тоа ја попречуваат работата на екипите на зимската служба. Доколку одредени возила се паркирани непрописно, истите ќе бидат тргнати од страна на пајак служба.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


