| четврток, 6 декември 2018 |

Поради снегот оштетен е далеководот од Ресен за Охрид, без струја е скоро цела југозападна Македонија!

Последни вести околу струјата која ја немаат домаќинствата во западна Македонија, велат дека поради снегот е оштетен далеководот од Ресен за Охрид и дека без струја е скоро цела југозападна Македонија!, објави порталот „Охриѓани“.

Охрид и Струга повторно по втор пат без електрична енергија. Тие апелираат до граѓаните да внимаваат каде се движат, затоа што многу гранки се испопаднати низ градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top