Фестивал од голови како најава за успешен настап на мундијалот во Катар приреди македонската репрезентација против Израел. Првиот тест пред патот за Катар беше во знакот на головите, а ги имаше точно 66.
Тешко им одеше на нашите репрезентативци, но сепак такво нешто беше очекувано за почеток на подготовки и за прв тест меч. Првиот дел го добивме со 20-18, а два гола разлика беше и на крајот од мечот.
Со седум гола, сите постигнати во првото полувреме блескаше крилото Гоце Георгиевски како најефикасен поединец во македонскиот табор. Ренато Вугринец погоди шест пати, а Лазаров постигна 5 гола.
Утре повторно ќе играме со Израел, но тој меч ќе биде од затворен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.