| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот се чисти, скратени неколку автобуски линии

WINTER

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на денот, од почетокот на врнежите на снег интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници -високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, и поголем број на подвозници,а во моментов се интервенири на булеварите и магистрални улици кои се вонадлежност на Град Скопје.

Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта” на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.
 Поради обилните врнежи на снег во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса: 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево), додека автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно прекината.
 Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.
Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top