| четврток, 6 декември 2018 |

Зимската служба на Град Скопје на терен

WINTER

 Со почетокот на снежните врнежи денеска на терен активно работи зимската служба, соопштија од Град Скопје. Машините  ќе интервенираат по потреба за расчистување на снегот и фрлање сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот.

– За претстојната зима Град Скопје има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, и дополнителни 1.500 тони набавени годинва. Зимската служба на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма – информираат од Градот.

Екипите на зимската служба ќе дежураат во текот на 24 часа на две локации, на пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и на пунктот во Бутел.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top