Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, ќе се пресели во редовите на Рајн Некар Левен, откако потпиша двегодишен договор со ваност од почетокот на идната ракометна сезона. Станиќ од Металург замина во Битигхајм, но од 2015 година веројатно пак ќе биде дел од европската елита со настапи во Лигата на шампионите.
Од Рајн Некар си замина Никлас Ландин, па простор добиваат Микаел Апелгрин и Дарко Станиќ. Српскиот интернационалец имаше неколку незаборавни сезони во Металург и потполно ги освои срцата на навивачите на тимот од Автокоманда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



