| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Немања Матиќ ќе игра за Македонија

Фудбалерот Урош Матиќ, помладиот брат на играчот на Челси, Немања Матиќ, наскоро ќе го облече дресот на македонската фудбалска репрезентација.

– Урош Матиќ беше гостин на Фудбалската федерација на Македонија и разговарал со првиот човек на федерацијата Илчо Ѓорѓиоски за можноста да заигра за Македонија. -Урош е добредојден во македонската репрезентација. Во тек е процедурата за издавање документи и промена на спортски пасош, а по комлетирањето нема да има пречка Урош Матиќ да дебитира за нашиот национален тим. Фудбалскиот впечаток за него го знаеме, игра стандардно во тимот на Бреда, стручниот штаб во нашата репрезентација смета дека може да биде многу корисен и во нашата игра, мислам дека сме на добар пат да ја засилиме конкуренцијата во репрезентативниот состав со квалитетен играч. Денеска видовме дека е многу скромно и момче со правилни вредности, тоа е причина повеќе да веруваме во желбата заеднички да си помогнеме“, изјави Илчо Ѓорѓиоски.

Матиќ е роден во Шабац, има 24 години, а во кариерата играл за Кошице, вториот тим на Бенфика, а од оваа сезона е член на Бреда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top