Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА Александар Чеферин ќе ги доделат пехарот и медалите за финалето на Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август на „Филип втори“ во Скопје.
Првиот човек на македонскиот фудбал имаше средба со претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха, кои вчера беа присутни на првата прес-конференција за Суперкупот.
Големите ѕвезди на светскиот фудбал се уверени дека натпреварот ќе биде вистински спектакл, а Фудбалската федерација на Македонија и градот Скопје одлични домаќини на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.