| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиоски се повлекува од ФФМ, добива функција во кабинетот на Чеферин во УЕФА

Актуелниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски наредниве денови се очекува и официјално да го соопшти повлекувањето од челната позиција на Фудбалската федерација на Македонија. Како што дознава ЕКИПА, Ѓорѓиоски од следниот месец се сели во УЕФА добивајќи функција во кабинетот на претседателот Александар Чеферин како негов советник, објави „Екипа“.
Својата одлука за повлекување од челната функција на ФФМ, Ѓорѓиоски се очекува утре да им ја соопшти и на членовите на УО на ФФМ на закажаниот состанок од 12 часот.
До назначувањето на нов претседател, ФФМ ќе биде предводена од потпретседателите на федерацијата и првиот оперативец – генералниот секретар Филип Поповски.
Најавите се дека нов предводник на ФФМ ќе се избира на редовното Изборно собрание предвидено за почетокот на следната година. Како едно од најсериозните имиња за наследник на Ѓорѓиоски се истакнува Димитар Костадинов, сопственикот на „Кодинг – Горска’.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top