| четврток, 6 декември 2018 |

Почина македонскиот истакнат фудбалер и судија Здравко Точко

­ Во Скопје денеска попладне почина македонскиот истакнат фудбалер и фудбалски судија Здравко Точко.

Здравко Точко е роден на 22 март 1943 година во Охрид. Тој епоранешен младински репрезентативец на Југославија и поранешен фудбалер на Вардар, Победа Прилеп, Загреб од Загреб и Раднички од Ниш, член на претседателството на Фудбалскиот сојуз на Југославија, поранешен претседател на судискиот одбор при Фудбалскиот сојуз на Македонија и долгогодишен фудбалски судија во македонската лига и поранешната југословенска фудбалска лига.

Погребот ќе биде утре во 14 часот на гробиштата Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top