| четврток, 6 декември 2018 |

И Дубаи ќе добие снег

­ Срцето на Европа, последниот изграден дел од Островот на светот во Дубаи, наскоро би можел да добие вештачки снег.

Со цел островите, кои ќе добијат имиџ на дестинации како Виена, Андалузија и Рим да го добијат оригиналниот дух на Европа, некои од нив ќе мора да бидат прекриени со снег.

Пробниот топ веќе е поставен на еден од островите, а главниот човек на проектот Јозеф Клајндинст изјави дека многумина биле скептични по прашањето за снег среде Персискиот Залив.

Германските инженери сакаат да имитираат и дожд, кој ќе се генерира благодарение на пумпите, а исто така веруваат дека можат да лажираат температура од 27 степени, која се смета за идеална.

Целиот комплекс од 300 острови, кои од воздух потсетуваат на мапата на светот се простира на околу девет километри квадратни, на 4,5 километри од брегот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top