| четврток, 6 декември 2018 |

На патиштата магла и голомразица, авионите полетуваат и слетуваат без проблеми

magla-avtopat1

 На патниот правец Неготино – Демир Капија е намалена видливоста на 50 до 100 метри поради магла, информираат од АМСМ.

На другите патишта сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, а поради ниската температура можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите предвидени полетувања и слетувања. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top