| четврток, 6 декември 2018 |

Владата денеска отворена за граѓаните

vlada-na-RM

Граѓаните денеска ќе можат да ја посетат Владата на Република Македонија и непосредно да се запознаат со нејзината работа.

Поради големиот интерес покажан за време на реализацијата на проектот „Отворена Влада“, Владата реши на граѓаните повторно да им овозможи одблиску да се запознаат со работата на институцијата.

Граѓаните што ќе имаат можност да ја посетат Владата ќе се запознаат со нејзината работа, начинот на функционирање, спроведувањето на владината политика, како и со организацијата на нејзината работа.

Во рамките на обиколките на зградата ќе бидат опфатени и салата за билатерални средби, кабинетите на потпретседателите на Владата, генералниот секретаријат и дебатната сала. Воедно, при посетата ќе биде овозможено присуство на седница на една од владините комисии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top