| четврток, 6 декември 2018 |

Обилните снежни врнежи блокираа над сто села во источна Турција

турција

Над сто села во источна Турција се отцепени поради обилните снежни врнежи. Лошото време најмногу ги засегна окрузите Битлис, Ван, Ардахан и Ерзурум, јави Анадолија.

Во тие планински области блокирани се сите патишта, а локалните жители се обидуваат со сопствени сили да излезат од снежната блокада. Во тек е целосна мобилизација за расчистување на снежната покривка од 30 до 50 сантиметри.

Медицинските служби се во состојба на тревога, наставата е откажана во повеќе населени места, нарушено е снабдувањето со електрична енергија.

Спасувачките служби им помагаат на настраданите, доставуваат производи и лекарства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top