Пред неколку дена Барак Обама најави преиспитување на американската политика кон Куба. САД и Куба ќе ги обноват дипломатските односи по повеќе од 50 години. Ова е добра вест најмногу за Американците, кои ќе можат да патуваат полесно до Куба. Земјата е позната по своите прекрасни и чисти плажи и историската архитектура. Кубанската економија забележи раст од 1,4% за 2013 година, но следните слики ќе ви покажат дека таа има голем потенцијал за 2015 година.
Старата Хавана
Американски автомобили од 50-тите и 60-тите години можат да се видат и денес
Туристите можат да изнајмат еден од овие автомобили и да си направат турнеја по разни делови од земјата
Да не ја заборавиме салса
Според многу историчари, Тринидад е најдобро зачуваниот колониален град во Куба
Дури таксито е фасцинантно тука, нели?
Кајо Ларго е мал остров, но е вистински рај за туристите
Варадеро е туристички град, познат по чистите бели песочни плажи
Баракоа е уште еден тропски рај
Тука може да се купи свежа риба
Или да испушите оригинална кубанска пура
И покрај убавините на земјата, Кубанците сѐ уште користат животни за да ја обработуваат својата земја.
Уште неколку интересни факти за Куба
– Државните возила во Куба се обврзани да качуваат секакви автостопери.
– Куба е земја која го има еден од највисоките проценти на писменост во светот: 99,8%.
– Само две земји во светот немаат право официјално да продаваат „кока-кола“, а тоа се Северна Кореја и Куба.
– Кубанците немале право да поседуваат мобилни телефони до 2008 година.
– Џон Кенеди си купил 1200 кубански пури, само еден час пред да го потпише ембаргото против земјата.
– Кога Фидел Кастро доаѓа на власт во Куба, тој веднаш наредува сите игри „монопол“ да бидат уништени.
– Владата на САД создава специјален „Твитер“ за Кубанците во 2011 година.
– Фидел Кастро вели дека заштедувал 10 работни дена годишно, со тоа што не се бричи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.