| четврток, 6 декември 2018 |

Матиќ: Можеме да ги освоиме сите трофеи

Фудбалерот на Челси, Немања Матиќ, тврди дека неговиот тим оваа сезона би можел да ги освои сите трофеи каде што се натпреваруваат, а тоа би било благодарение на психичката подготвеност.

– Мислам дека можеме да освоиме сѐ. Имаме голем квалитет за да го направиме тоа, но и нашите противници се многу добри. Ќе видиме што ќе се случи на крај. Верувам во нас и во нашите можности да го направиме тоа. Најважно е да останеме психички јаки. Во овој момент сѐ изгледа одлично, имаме 25 играчи кои во секој момент се подготвени да ги исполнат барањата на тренерот. Среќен сум што сум дел од Челси – изјави Немања Матиќ.

Челси моментално е лидер во Премиерлигата, во Лигата на шампиони се пласираше во осминафиналето, а во трка за трофеј е во ФА и Лига купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top