Актерот Вал Килмер, кој со години „води битка“ со вишокот килограми, деновиве беше забележан во Малибу со нова витка става.
Ваквата физичка трансформација на Килмер го привлече вниманието на таблоидите, а новинарите на ТМЗ дури успеаја да добијат кусо интервју од него, во кое тој ја открива тајната на неговата диета.
– Килограмите ги загубив на класичен начин. Со здрава исхрана и вежбање. Најмногу ми помогнаа долгите прошетки по плажата – изјави Килмер.
Засега не е познато дали слабеењето на Вал е поврзано со подготвките на новиот филм на режисерот Теренс Малик, во кој тој треба да настапи заедно со Натали Портман, Кристијан Бејл, Рајан Гослинг и Кејт Бланшет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.