| четврток, 6 декември 2018 |

Распеаниот камионџија со посебен повод во Скопје (ФОТО)

Македонскиот камионџија Андруш Ангелковски, кој се прослави со своите весели и распеани видеа на „Јутјуб“ денеска допатува во Скопје. Поводот беше промоцијата на новиот албум на Наум Петрески и Зуица Лазова, негови блиски пријатели.

– Особена чест ми претставува што Андруш, или како што го знаете вие Распеаниот камионџија, само за оваа промоција допатува од Лос Анџелес во Скопје – изјави Наум Петрески.

kamiondzija_thumb_medium500_272

Ангеловски патува низ светот со својот камион, но работата ја зачинува со песна. Расположениот камионџија е интернет-хит со своите распеани видеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top