Босанската полиција уапсила шест наркодилери осомничени дека се дел од меѓународна наркомрежа која шверцувала дрога на релација Албанија – Македонија – Србија – БиХ – Хрватска, јавуваат босанските медиуми.
Кај уапсените биле пронајдени шест килограми марихуана – сканк, неколку мобилни телефони, воено оружје и други предмети. Тамошната полиција соопшти дека оваа акција е продолжение во разбивањето на балканскиот синџир на трговија со дрога. Според информациите на полиција, дрогата од БиХ требало да биде пренесена во Хрватска со автомобил.
Повеќе детали за акцијата не се соопштени во интерес на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.