Иако на неколку наврати мали снежни врнежи на планините, па и на некои повисоки места имаше изминативе два месеци, сепак не може да се рече дека навистина имавме снег низ населените места. Метеопро најави дека првиот вистински вкус на зимата ќе го имаме во петок навечер, но со снежна покривка ќе се разбудиме во сабота наутро…
Во петок попладне над Македонија ќе се спушти значително постудена воздушна маса која во комбинација со влагата која ќе ја обезбеди циклонот чиј центар ќе се наога во Егејското море конечно ќе го донесе снегот. Врнежите започнат во петок навечер и ќе продолжат во сабота, а веќе во недела истите ќе престанат.
Во однос на снежна покривка, неа повеќе ја очекуваме во западниот регион, особено на планините. Од пониските места, мала снежна покривка се очекува во поголем дел од котлините, особено во западниот регион, како и во Скопската котлина.
Во југоисточниот крај врнежите ќе бидат од дожд, освен нормално на планините, каде ќе паѓа снег.
Сабота, според Метеопро, ќе биде и значително постудена. Максималната температура во најтоплиот регион од земјава – Гевгелискиот, тешко дека ќе надмине 6°С. Во останатите котлински краишта максималната температура ќе има вредност околу 2°С.
Заради умерениот северен ветер во сабота чувствителната температура ќе биде околу 0°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.