Терминот „сексуална анорексија“ го промовираше психијатарот д- р Патрик Карнс, со кој, тој го објаснува долготрајното и свесно откажување од секс, проблемите со еректилната функција кај мажите, испитувањето на срам и непријателство кон се што има сексуално значење, страв од интимност итн. Сексуална анорексија е проблем на повеќе млади жени и мажи.
На што се должи сексуалната анорексија?
Сексот денес е насекаде
Порнографски материјали можат лесно да се најдат на интернет, на телевизија, во списанијата, дури и во промотивните рекламни материјали. Таа презаситеност со сексуална тематика, го намалува интересот на луѓето за сексот.
Интернетот не збунува
Или поконкретно, редовното користење на социјалните мрежи, како начин за одржување на меѓусебни односи. Не се малку луѓето кои ги оставија зад себе недоразбирањата и реалните односи, во името на виртуелните, интересни и необврзувачки. Зад мониторот лесно се прикриваат комплекси, недостатоци, тајни. Во прашање е 70% имагинација и 30% реалност.
Стара траума
Сексуално анорексичните, исто така може да се срамат од нивното сексуалното минато, да ги презираат голотијата и сето она што има сексуална содржина. Обично луѓето кои страдаат од сексуална анорексија, почнуваат да го одбегнуваат интимниот партнер, да го обвинуваат за проблемите во нивните односи, се откажуваат како од секс, така и од секаква интимна блискост, стануваат неспособни да ги изразат своите чувства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.