| четврток, 6 декември 2018 |

Прерано заминување-водителка пронајдена мртва во својот стан!

После долга борба со анорексијата, позната водителка го изгуби животот. Помина деценија откако почнала со разните диети, но со тек на времето грчката водителка Нана Карајани упаднала во стапицата на анорексијата и се повеќе слабеела.

Како изминувало времето, нејзината здравствена состојба била се потешка, а таа се помалку се појавувала во јавноста.

Еднаш изјавила дека имала тешко детство поради разводот на родителите, а периодот кога била во болница поради болеста, како што рекла, и годел бидејќи била центар на нивниот свет.

-Секогаш се прашував дали ме сакаат, не сакав да ги разочарам. Кога бев во болница, го сакав тоа, затоа што тогаш го имав нивното внимание- нагласила тогаш водителката.

Нана почина од последиците на болеста во 38 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top