Кога играат Барселона и Реал Мадрид, дуелот сака да го гледа целата планета. Токму затоа, раководството на Ла Лига потврди дека првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе се игра во невообичаен термин за Европа, во 16.15 часот, но тоа е термин што одговара директно следење на мечот и во Азија и во САД.
– Разгледувавме три термини и на крајот се одлучивме почетокот да биде во 16.15 часот, затоа што 13 часот е прерано за американскиот пазар, а 18 часот е предоцна за азиските гледачи. Европски вечерен термин се разбира дека е неприфатлив за сите пазари – изјави Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.