| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ирена Најдоска: Гладуваат и ги уништуваат органите за да постигнат идеална тежина

Ли­ца­та со ано­ре­кси­ја и со бу­ли­ми­ја се оп­се­сив­но вр­за­ни за хра­на­та. По­сто­ја­но ба­ра­ат ре­цеп­ти, под­го­тву­ва­ат, се гри­жат за хра­на­та, но не ја ја­дат, ја кри­јат. Се ја­ву­ва и фо­би­ја ка­де што цен­та­рот на фо­би­ја­та е хра­на­та, а во ос­но­ва на се­то тоа е про­ме­не­та­та пер­цеп­ци­ја за сопс­тве­ни­от изг­лед, за об­ли­кот на сопс­тве­но­то те­ло

Ано­ре­кси­ја­та и бу­ли­ми­ја­та се чу­ма на 21 век. Кај адо­лес­цен­ти­те, ано­ре­кси­ја­та е на тре­то ме­сто од хро­нич­ни­те за­бо­лу­ва­ња. На еден маж де­вет же­ни за­бо­лу­ва­ат од ано­ре­кси­ја. Нај­број­на по­пу­ла­ци­ја е онаа од 13 до 23 го­ди­ни. Кул­ми­на­ци­ја­та е на 17-го­диш­на во­зраст. Но, ова не зна­чи де­ка не­ма от­стап­ки. Ако има от­стап­ки кај де­ца­та, тоа се од 10 до 13 го­ди­ни и то­гаш до­а­ѓа до за­пи­ра­ње на рас­тот и на раз­во­јот на те­ло­то. Ду­ри и по сре­ду­ва­ње на ано­ре­кси­ја­та, кај овие па­ци­ен­ти оста­ну­ва за­о­ста­ну­ва­ње­то на мен­стру­ал­ни­те цик­лу­си. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка ано­ре­кси­ја мо­же да има и до ме­но­па­у­за.

 

Што се ано­ре­кси­ја и бу­ли­ми­ја?

НАЈ­ДО­СКА: Ано­ре­кси­ја и бу­ли­ми­ја се би­хе­ви­о­рал­ни рас­тројс­тва. Тоа се на­ру­шу­ва­ња во ис­хра­на­та. Тие ме­ѓу­се­бе се до­бро фе­но­ме­но­ло­шки из­ди­фе­рен­ци­ра­ни, но ети­о­па­то­ге­не­за­та им е за­ед­нич­ка. Спо­ред ма­ке­дон­ска­та кла­си­фи­ка­ци­ја на бо­ле­сти, ано­ре­кси­ја­та е на­ма­лу­ва­ње на те­лес­на­та те­жи­на, др­же­ње ди­е­та ко­ја се пра­ви свес­но, со свес­но гла­ду­ва­ње, а исто та­ка, и по пат на ек­стрем­ни веж­би, упо­тре­ба и зло­у­по­тре­ба на нај­раз­лич­ни средс­тва за за­бр­зу­ва­ње на ме­та­бо­лиз­мот и тоа ла­кса­ти­ви, ди­у­ре­ти­ци за на­ма­лу­ва­ње на теч­но­сти­те, сè со цел да се на­ма­ли те­лес­на­та те­жи­на. Во ос­но­ва на две­те за­бо­лу­ва­ња има про­ме­не­та пер­цеп­ци­ја за сопс­тве­ни­от изг­лед, за об­ли­кот на те­ло­то, за изг­ле­дот на те­ло­то. И кај две­те за­бо­лу­ва­ња по­стои ек­стре­мен страв од зго­ле­му­ва­ња на те­лес­на­та те­жи­на. Кај бу­ли­ми­ја­та има про­мен­ли­ви фа­зи на пре­ја­ду­ва­ње, кое се слу­чу­ва во ма­ли вре­мен­ски ин­тер­ва­ли. Пре­ја­ду­ва­ње­то обич­но е во ве­чер­ни­те ча­со­ви, ко­га се зе­ма­ат го­ле­ми ко­ли­чи­ни ви­со­ко­ка­ло­рич­на хра­на. Се ко­ри­стат не­а­де­кват­ни ме­то­ди за одр­жу­ва­ње на те­лес­на­та те­жи­на, а тоа е по­вра­ќа­ње, кое во по­че­то­кот е про­во­ци­ра­но, а по­тоа сле­ду­ва и реф­лекс­но по­вра­ќа­ње.

 

Ка­ко да се пре­поз­на­ат и кои се пр­ви­те зна­ци?

НАЈ­ДО­СКА: Во­о­би­ча­е­но, бо­ле­ста поч­ну­ва со бу­ли­ми­ја за­тоа што фа­зи­те мо­же да се ме­ну­ва­ат ед­на со дру­га – од ано­ре­кси­ја во бу­ли­ми­ја и обрат­но. Па­ци­ен­ти­те што има­ат бу­ли­ми­ја го има­ат проб­ле­мот со реф­лекс­но­то по­вра­ќа­ње, се пла­шат и ба­ра­ат ле­кар­ска по­мош. Тие се свес­ни за сво­ја­та бо­лест. Кај па­ци­ен­ти­те со ано­ре­кси­ја проб­ле­мот има по­го­ле­мо зна­че­ње, тие ни­ко­гаш не го приз­на­ва­ат сво­е­то за­бо­лу­ва­ње. Ду­ри и при до­бро­на­мер­ни за­бе­ле­шки од нив­ни­те бли­ски де­ка из­гу­би­ле пре­го­ле­ма те­лес­на ма­са, де­ка не­до­вол­но се хра­нат, тие од­би­ва­ат да го при­фа­тат. Нив­ни­те кри­те­ри­у­ми и нив­на­та стро­гост пре­ми­ну­ва во не­вро­тич­ност. Кол­ку што по­ве­ќе сла­бе­ат, тол­ку по­ве­ќе се не­за­до­вол­ни од сво­ја­та те­лес­на те­жи­на. За­тоа се из­ло­жу­ва­ат на ек­стрем­ни фи­зич­ки веж­би. И по­крај нив­на­та фи­зич­ка ис­цр­пе­ност тие има­ат мно­гу енер­ги­ја, за­тоа мно­гу веж­ба­ат, што ду­ри мо­же да пре­ми­не во фа­за на аскет­ство. Симп­то­ми­те поч­ну­ва­ат по­сте­пе­но, не­за­бе­ле­жи­тел­но. Мо­же да се по­ја­ви по ко­мен­тар на не­кој бли­зок, де­ка не­кој е де­бел­ко, или, пак, ако не­кој ро­ди­тел е оп­се­си­вен, па му ка­же на де­те­то де­ка не е до­бро мно­гу да се ја­де. Мо­же да се ја­ви по не­кој стрес, ка­ко што се стре­со­ви­те во жи­вот­ни­те цик­лу­си – оде­ње на учи­ли­ште, разд­во­ју­ва­ње од се­мејс­тво­то, проб­ле­ми во љу­бо­вта, оде­ње на фа­кул­тет… По­е­мо­тив­ни­те лич­но­сти са­ка­ат да ја кон­тро­ли­ра­ат си­ту­а­ци­ја­та. А кон­тро­ла­та ус­пе­ва­ат да ја на­пра­ват са­мо врз хра­на­та. Ро­ди­те­ли­те обич­но тре­ба да алар­ми­ра­ат ко­га де­те­то ќе поч­не да ја се­ле­кти­ра хра­на­та, да зе­ма мал­ку ка­ло­рии, ко­га зна­чи­тел­но ќе поч­не да сла­бее. За по­чет­на фа­за се сме­та ко­га те­жи­на­та ќе ста­не 15 от­сто по­мал­ку од нор­мал­ни­от ин­декс на ма­са­та на те­ло­то. Два­е­сет от­сто од ано­ре­ксич­ни­те па­ци­ен­ти има­ат про­во­ци­ра­но по­вра­ќа­ње. Овие ли­ца се оп­се­сив­но вр­за­ни за хра­на. По­сто­ја­но ба­ра­ат ре­цеп­ти, под­го­тву­ва­ат, се гри­жат за хра­на­та, но не ја ја­дат, ја кри­јат. Се ја­ву­ва и фо­би­ја ка­де што цен­та­рот на фо­би­ја­та е хра­на­та, а во ос­но­ва на се­то тоа е про­ме­не­та­та пер­цеп­ци­ја за сопс­тве­ни­от изг­лед, за об­ли­кот на сопс­тве­но­то те­ло.

 

Ка­ков тре­ба да би­де при­о­дот во ле­ку­ва­ње­то на овие бо­ле­сти? Кои спе­ци­ја­ли­сти тре­ба да го со­чи­ну­ва­ат ти­мот што ќе ги ле­ку­ва овие бол­ни?

НАЈ­ДО­СКА: Пре­ку ме­ди­у­ми­те обич­но се етаб­ли­ра изг­лед кој е про­пи­шан де­ка е оп­штес­тве­но и кул­тур­но при­фат­лив, од­нос­но, за да изг­ле­даш уба­во тре­ба да би­деш слаб. Од овие за­бо­лу­ва­ња обич­но стра­да­ат адо­лес­цен­ти кои уште не­ма­ат до­бро из­гра­де­на стру­кту­ра на лич­но­ста, уште се чув­стви­тел­ни и се под бу­ра на хор­мо­ни. Од оваа бо­лест стра­да­ат и ма­не­кен­ки, ба­ле­ри­ни кои тре­ба да ја одр­жат те­лес­на­та те­жи­на. Са­мо­до­вер­ба­та не тре­ба да се гра­ди пре­ку над­во­реш­ни­от изг­лед. Ние ка­ко лич­но­сти има­ме и дру­ги ква­ли­те­ти. Ако на по­че­то­кот ро­ди­те­ли­те не го сфа­тат се­ри­оз­но, за­бо­лу­ва­ње­то мо­же да га­ло­пи­ра во дру­ги ста­ди­у­ми – не­со­ни­ца, про­ме­на на функ­ци­ја на ор­га­ни­те. Се ја­ву­ва ане­ми­ја, ле­у­ко­ци­то­пе­ни­ја, тром­бо­ци­то­пе­ни­ја, ко­а­гу­ло­па­тии, на­ру­шу­ва­ње на га­стро­ин­те­сти­нал­ни­от си­стем, пан­кре­а­тит, мо­же да се по­ја­ви на­ру­шу­ва­ње на жлез­ди­те со ен­до­кри­но ла­че­ње, на функ­ци­ја­та на ти­ро­ид­на­та жлез­да. Оние што во ми­на­то­то има­ле ано­ре­кси­ја, па ја из­ле­чи­ле, се кан­ди­да­ти за осте­о­по­ро­за. Мо­же да дој­де и до оште­ту­ва­ње на ср­це­ви­от му­скул. Ко­га ро­ди­те­ли­те ќе ги за­бе­ле­жат пр­ви­те зна­ци, тре­ба да се по­се­ти пси­хи­ја­тар. Ако дој­де до ор­ган­ско на­ру­шу­ва­ње и до на­ру­шу­ва­ње на рам­но­те­жа­та на хор­мо­ни­те, ако се за­гу­бат три пос­ле­до­ва­тел­ни мен­стру­ал­ни цик­лу­си, мо­ра да се оди на ле­кар. Нај­те­шки­те слу­чаи за­вр­шу­ва­ат со хос­пи­та­ли­за­ци­ја со вмет­ну­ва­ње сон­ди за ис­хра­на, си­сте­ми со еле­ктро­ли­ти. Па­ци­ен­тот мо­же да пад­не во дла­бо­ка де­пре­си­ја, ду­ри да има и су­и­цид­ни тен­ден­ции, да по­ми­не и во не­ко­ја пси­хо­тич­на де­ком­пен­за­ци­ја. Ако за­бо­лу­ва­ње­то е на по­че­ток, ан­кси­оз­но­ста и не­со­ни­ца­та се ле­ку­ва­ат со ан­ти­де­пре­си­ви кои се упо­тре­бу­ва­ат и за ста­би­ли­за­ци­ја на апе­ти­тот. Во след­на­та фа­за, ако дој­де до хос­пи­та­ли­за­ци­ја, по­треб­на е со­ра­бо­тка од ин­тер­ни­стич­ки и од пси­хи­ја­три­ски тим. Тре­ба да се вос­по­ста­ви нор­мал­на ис­хра­на. Се поч­ну­ва со ни­ско­ка­ло­рич­на хра­на ко­ја по­сте­пе­но се зго­ле­му­ва. Отка­ко ќе поч­нат да ја­дат нор­мал­но, сле­ду­ва зго­ле­му­ва­ње на те­жи­на­та. На крај, се ра­бо­ти пси­хи­ја­три­ски – на про­ме­не­та­та пер­цеп­ци­ја на не­си­гур­но­ста. Обич­но, тоа се пре­ам­би­ци­оз­ни, его­цен­трич­ни лич­но­сти кои се ин­тро­верт­ни, свр­те­ни кон се­бе.

 

Dr Irena Najdoska 02 (Custom)

Нај­те­шки­те слу­чаи за­вр­шу­ва­ат со хос­пи­та­ли­за­ци­ја со вмет­ну­ва­ње сон­ди за ис­хра­на, си­сте­ми со еле­ктро­ли­ти, вели д-р Најдоска

 

Има ли слу­чаи на во­зрас­ни кои за­бо­лу­ва­ат од ано­ре­кси­ја или од бу­ли­ми­ја?

НАЈ­ДО­СКА: Кај ано­ре­кси­ја­та на еден маж, де­вет же­ни за­бо­лу­ва­ат од ано­ре­кси­ја. Нај­број­на по­пу­ла­ци­ја е онаа од 13 до 23 го­ди­ни.Кул­ми­на­ци­ја­та се слу­чу­ва на 17-го­диш­на во­зраст. Но, ова не зна­чи де­ка не­ма от­стап­ки. Ако има от­стап­ки кај де­ца­та, тоа се од 10 до 13 го­ди­ни и то­гаш до­а­ѓа до за­пи­ра­ње на рас­тот и на раз­во­јот на те­ло­то. Ду­ри и по сре­ду­ва­ње на ано­ре­кси­ја­та, кај овие па­ци­ен­ти оста­ну­ва за­о­ста­ну­ва­ње­то на мен­стру­ал­ни­те цик­лу­си. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка ано­ре­кси­ја мо­же да има и до ме­но­па­у­за. Кај адо­лес­цен­ти­те ано­ре­кси­ја­та е на тре­то ме­сто од хро­нич­ни­те за­бо­лу­ва­ња. Ако не се ле­ку­ва, мор­та­ли­те­тот е од пет до де­сет про­цен­ти. Кај бу­ли­ми­ја­та, кај ма­жи­те најм­но­гу стра­да­ат па­ци­ен­ти од 15 до 30 го­ди­ни, но тоа на зна­чи де­ка не­ма от­стап­ки.

 

Ле­ка­ри­те ве­лат де­ка де­вој­чи­ња си ги оште­ту­ва­ат ор­га­ни­те за да до­би­јат ма­не­кен­ска ста­ва. Зо­што е тоа та­ка?

НАЈ­ДО­СКА: Кај де­вој­чи­ња­та има на­мер­но гла­ду­ва­ње сè со цел да се по­стиг­не таа иде­ал­на те­жи­на. Но, овие па­ци­ен­ти ни­ко­гаш не се за­до­вол­ни од сво­јот изг­лед. Нив­ни­те кри­те­ри­у­ми ста­ну­ва­ат се по­стро­ги, до­де­ка не дој­де до фи­зич­ка ис­цр­пе­ност и до ор­ган­ски оште­ту­ва­ња.

 

Кол­кав е бро­јот па­ци­ен­ти што бо­ле­ду­ва­ат од ано­ре­кси­ја или од бу­ли­ми­ја што ба­ра­ат по­мош од до­ктор? Да­ли тој број е по­мал од ви­стин­ски­от број и зо­што ре­тко се ре­ша­ва­ат на по­мош од струч­но ли­це?

НАЈ­ДО­СКА: Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ста­ти­стич­ки по­да­то­ци за тоа кол­ку­ми­на стра­да­ат од овие за­бо­лу­ва­ња. Кај ано­ре­кси­ја­та мо­же да има­ме еден на­лет и це­лос­но из­ле­ку­ва­ње. По­сто­јат и слу­чаи ка­де што има ре­ми­си­ја во те­кот на бо­ле­ста, по­до­бру­ва­ње и ре­лап­си, пак за­па­ѓа­ње во ано­ре­ксич­ни епи­зо­ди. Кај одре­ден про­цент бо­ле­ста е хро­нич­на, се пров­ле­ку­ва во те­кот на це­ли­от жи­вот.

 

Да­ли се ле­ку­ва­ат овие за­бо­лу­ва­ња?

НАЈ­ДО­СКА: Кај 20 от­сто од па­ци­ен­ти­те се ле­ку­ва са­мо пр­ви­от на­пад. Кај 60 про­цен­ти од бол­ни­те се вра­ќа­ат на нор­мал­но функ­ци­о­ни­ра­ње со че­сти еми­сии, ре­лап­си, но се по­стиг­ну­ва функ­ци­о­нал­ност, се ле­ку­ва­ат. Сле­де­ње­то тре­ба да би­де по­дол­го ток­му по­ра­ди тие ре­ми­сии, ко­га па­ци­ен­тот се чув­ству­ва нај­до­бро и за­тоа тре­ба пси­хи­ја­три­ски да се сле­ди и до пет го­ди­ни. За жал, кај 20 от­сто од па­ци­ен­ти­те и по­крај се­та пру­же­на по­мош ле­ку­ва­ње­то не е ус­пеш­но и кај пет до де­сет про­цен­ти за­вр­шу­ва со смрт.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top