| четврток, 6 декември 2018 |

Ако се суди според традицијата, Челси веќе е шампион на Англија

Вчерашната победа на Челси донесе двојно задоволство во таборот на сините од Лондон.
По победата врз незгодниот противник Стоук на гостински терен од 2-0, симпатизерите на Челси веќе можат да почнат да ја слават титулата ако се гледа по традицијата.
Менаџерот на Челси Португалецот Жозе Мурињо има одлична традиција зад себе, бидејќи досега откако е прв тренер на некој клуб ако е на првото место на табелата по последниот натпревар пред Божик тој секогаш ја освојувај титулата.
Тоа му се случило по двапати со Челси, Порто и Интер и еднаш со Реал Мадрид при освојувањето на единствената титула за кралскиот клуб.
По 17 кола во Премиер лигата, Челси има три бода предност во однос на Манчестер Сити и 10 пред Манчестер Јунајтед, а следниот натпревар го игра во петок на популарниот „Боксинг деј“ против Вест Хем на Стенфорд Бриџ.
Многу по јасна ќе биде сликата на табелата по новогодишните празници бидејќи во згуснатиот распоред треба да е одиграат три кола за само шест дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top