| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена звезда во Скопје по историски рекорд

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва од 20.30 часот во Скопје го играат последниот натпревар од 13. коло од регионалната АБА лига против екипата на МЗТ Скопје.

Избраниците на Дејан Радониќ во досегашните 12 кола имаат исто толку победи. Доколку „црвено-белите“ успеат вечерва да слават против МЗТ, ќе станат тим со најдобар старт во историјата на Јадранската лига.

Радониќ е свесен дека рекордот може да претставува психичка бариера на неговите играчи и затоа им порача да не размислуваат за пишување на историја.

– Размислуваме само за нашиот пристап на играта да биде на највисоко ниво, бидејќи тоа е услов за освојување на два нови бода. Тоа е нашата единствена желба – изјави Радониќ.

МЗТ Скопје ги чека „црвено-белите“ од претпоследното место на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top