| четврток, 6 декември 2018 |

Странци од Јабланица ќе прават познат ски-центар

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Странски инвеститори од Русија, Словачка, Австрија и Бугарија сакаат Јабланица да ја направат познат ски-центар, јавува телевизијата „Алфа“.

Физибилити студијата и мастер планот за изградба на ски-центарот се веќе готови. Целосната изработка на проектот чини 250.000 евра, а ја платил МЕПСО, објавува „Алфа“.

Алпинистите ја поздравија иницијативата за изградба на ски центар бидејќи со својата местоположба како и поволните временско-метеоролошки услови Јабланица  пружа идеални услови за скијање. Планината е под снег 5 месеци во годината.

– Географски кога велиме мислам на должината на патеки кои можат да се изградат таму ,бидејќи има доста добра североисточна експонираност каде што природно има доста големи количини на снег .На голема надморска височина се среќаваат природни извори со кои што многу лесно може да се направи акумулација на пример, вели алпинистот Антонио Додоски.

Овој капитален проект покрај жичарници предвидува и изградба на пет до шест луксузни хотели од прва категорија со 4 и 5 ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top