Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во соработка со Културно информативниот центар (КИЦ) , ја организираат изложбата ДЛУМ „Мал формат“која ќе се отвори во вторник, на 23 декември во 20 часот во галерискиот простор Империјал I.
На изложбата „Мал формат“ од страна на ДЛУМ ќе се доделат значајни признанија од областа на ликовната и визуелната уметност „Димитар Пандилов“ за сликарство, „Драгутин Аврамовски Гуте“ за графика и „Димо Тодоровски“ за скулптура. Од страна на Културно информативниот центар ќе се доделат наградите „Методија Ивановски-Менде“, „Константин Мазев-Коце“ и наградата „Вангел Коџоман“.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.