
Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев одреден период наназад најавува дека има „бомба“ со која планира да ја собори власта. Во меѓувреме, додека тој се сили со бомбата, го храбри членството и купува време, Владата реализира инвестиции, проекти и мерки за граѓаните.
Во изминатиот период се зголемија платите во администрацијата за 4 отсто како и платите во специјалистичките установи во здравството за 19,2 отсто. Се донесе одлука за вработување на 181 лице во итните медицински служби. Во последната година седумнаесет странски инвеститори донесоа одлука и јавно ја објавија дека ќе инвестираат во Македонија, а во периодот по изборите активно почнаа да работат, дел од нив работат на проектирање на фабричките хали, дел веќе ги градат како „Техникал текстаил“ во Штип или „Диатек“ во Скопје. „Веибо груп“ извести дека ќе почне да гради во Ранковце каде што планира да вработи 5. 600 луѓе во период од три години по отварање на првата фабрика, бидејќи ќе градат повеќе фабрики, и ќе понуди вработување со организиран превоз на невработени од целиот регион – Куманово, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип и Ранковце.
Покрај овие 17 компании, осум други компаниии по изборите до сега објавија одлука дека ќе инвестираат во Македонија, а две големи компании кои веќе работат со претходни инвестиции и најавија проширување на капацитетите.
Две нови големи компании – „Капкон“ и „Гентем“ во два дена објавија инвестиции, а шест компании имаат донесено интерни одлуки да инвестираат во Македонија. Тие инвестиции уште не се објавени.
Во странските директни инвестиции од 2006 година до сега се вработени дирекно 11. 000 лица, а со следните инвестиции кои се потврдени ќе се вработат дополнителни над 13.000 лица, директни вработувања, плус поголем број индиректни вработувања.
Стапката на невработеност се намали на 27,9 проценти. Само во првата половина од 2014 година е зголемен за над 13 илјади лица, односно за 2 отсто споредено со истиот период лани. Притоа бројот на вработени во индустријата во првите девет месеци од годината забележа раст од 7,7 отсто.
Се градат три нови автопати Демир Капија – Смоквица, Скопје- Штип и Кичево- Охрид. Се гради пругата кон Бугарија. Потпишан е договор со ЕБОР за изградба на четири нови значајни регионалани патни правци, експресни патишта помеѓу Штип-Кочани, Прилеп- Градско, Охрид-Пештани, и Струга-Требениште, чија инвестици изнесува 160 милиони евра. Првите два почнуваат средината на наредната година, вторите два крајот на наредната година. Дотогаш се подготовките на проектите и процедурите за избор на изведувач.
Владата објави нов оглас за вработување на лица без родителска грижа и деца без родители. Се спроведува проектот за отпис на долгови, проектот „Купи куќа купи стан“ се одвива под олеснети услови.
Гасификацијата на Скопје, секундарната гасификација е во напредна фаза на подготовки, две компании влегоа во вториот круг и сега низ конкурентен дијалог се работи на финализирање на процесот. Наскоро следува и секундарната гасификација на источна и на западна Македонија.
Индустриското производство континуирано расте 14 месеци, без прекин, и во првите десет месеци од годината забележа раст од 5,1 отсто, како резултат на растот на преработувачката индустрија од 10,4 проценти. Девизните резерви на крајот на октомври 2014 година изнесуваа 2.429 милиони евра, што претставува раст од околу 22 отсто споредено со состојбата на крајот од 2013 година.
Со паралелниот увоз на лекови се направи заштеда од 5,8 милиони евра. Со ставање ред и транспарентност во набавката на инсулинот уште 3,6 милион евра, а тендерот кој е во тек третиот тендер за набавка на лекови каде што повторно има паралелен увоз, се очекува 3-4 милиони евра заштеда, односно вкупно околу 14 милиони евра заштеда, без притоа да се нанесе било каква штета за пациентите, да се намали квалитетот на некој лек, напротив истите лекови со истиот квалитет, со заштеда од 14 милиони евра. Оваа сума од 14 милиони евра е планирана да се инвестира во реконструикција на Битолската болница, темелана реконструкција на Прилепската болница, во нов ургентен центар во Куманово, во нова опрема во клиниката „Свети Наум Охридски“ во Скопје и во други болнички и клинички капацитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


