| четврток, 6 декември 2018 |

Нов локален пат и игралиште во општина Прилеп

Локален пат од прилепското село Клепач до селото Ерековци и повеќенамеско игралиште во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп денеска ќе бидат пуштени во употреба.

Локалниот пат во употреба ќе го пушти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тој и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ќе го пуштат во употреба и повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“, кое е дел од проектот на Агенцијата за “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top