Во Ватикан денеска попладне почна изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква. Кардиналите, вкупно 115 со право на глас, положија заклетва и влегоа во Сикстинската капела каде почнаа со конклавата.Заклетвата подразбира дека кардиналите нема да ги одадат информациите од конклавата. Меѓу овуе 115 кардинали, се наоѓа и идниот папа, 266- ти по ред. Кардиналите на ливчиња ќе го испишат името на оној кому тие му го даваат својот глас за нов папа. Веднаш потоа ќе бидат запалени, а белиот или црн чад ќе покаже дали Католичката црклва го добила својот нов поглавар. Белиот чад значи дека папата е избран, додека црниот значи дека никој не добил доволен број гласови и дека кардиналите ќе мината на ново гласање. За некој од кадриналите да биде избран за папа, неопходно е да добие 77 гласови, односно двотретинска поддршка од оние кои гласаат.
Еве ги фаворитите за наследник на Бенедикт 16, според медиумите:
Анџело Бањаско – Италија, 70 години, надбискуп на Џенова
Хорхе Марио Бергољо- Бразил, 76 години, (италијанско потекло)
Џузепе Бетори – Италија, 66 години, надбискуп на Фиренца
Томас Колинс – Канада, 66 години
Жоао Браз де Авиз – Бразил, 65 години
Тимоти Долан – САД, 62 години
Доминик Дука – Чешка, 66 години
Вилјем Еијк – Холандија, 59 години
Петер Ердо – Унгарија, 60 години
Шон О’Мели – САД, 68 години
Марк Оулен – Канада, 68 години
Џорџ Пел – Австралија, 71 година
Џанфранко Равази – Италија, 70 години
Леонардо Сандри – Аргентина, 69 години
Роберт Сара -Гвинеја, 67 години
Одило Педро Шерер – Бразил, 63 години
Кристоф Шоенборн – Австрија, 67 години
Анџело Скола – Италија, 71 година
Луис Таље – Филипини, 55 години
Петер Турксон Гана, 64 години
Во обложувалниците во Велика Британија граѓаните типуваат на кардиналот од Милано, Анџело Скола.Првобитниот фаворит на обложувалниците бил кардиналот Франсис Аринзе од Нигерија, но квотите за него се зголемени 40-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.