Изложба посветена на великанот на импресионизмот Клод Моне, со наслов „Во светлината на Моне“, е отворена во оранжеријата на виенскиот музеј „Белведере“. По легендарната изложба од 1996 година, ова претставување содржи и дела што досега не се изложувани во Австрија.
Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век делата на Моне биле објавувани во виенските списанија и книги и изложувани во галериите „Кунстлерхаус“ и „Сецесија“. За најспектакуларна изложба од тоа време е „Развојот на импресионизмот“ во 1903 година на кој се прикажани делата „Готвач“, „Рибар на Сена“ и „Алеите на градините во Живерни“. Покрај овие, на актуелната поставка ќе бидат претставени и 30 клучни дела, како „Руанската катедрала“ и повеќе верзии на лондонскиот мост „Ватерло“. Ќе бидат претставени и дела на современиците и на следбениците на Моне: Густав Климт, Херберт Бекл, Карл Мол, Емил Јакоб Шиндлер и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.