Екипата на МЗТ Скопје се засили со репрезентативниот центар Предраг Самарџиски до крајот на актуелната сезона.
По раскинувањето на договорот со турскиот прволигаш, Самарџиски изминативе денови мина во преговори со тимот од Аеродром кои на крајот денеска успешно се финиширани со меѓусебен договор за идна соработка.
Самарџиски треба сериозно да ги засили редовите на МЗТ Скопје во трката за шампионската титулата сезонава. Во „Јане Сандански“ наредниве денови се очекува пристигнување и на уште едно познато име за „аеродромци“, Стефан Синовец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.