Машката ракометна репрезентација на СП во Катар ќе настапи со нова опрема. Кинескиот производител на спорстка опрема „Ли Нинг“ специјално за репрезентацијата дизајнираше дресови во три бои, црвена, жолта и бела.
На натпреварите во Катар барем по еднаш нашата репрезентација ќе настапи со различен дрес во зависност од боите на дресовите на противниците.
Со новите дресови им посакуваме големи успеси и што подобар пласман, како и исполнување на сонот освојување на место кое води на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.